ТЕРА

REKLAMA???

ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА „КРАКЕН“ РЕГИСТРИРАН ВО МАКЕДОНИЈА

Институт за Јавно Здравје соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“.

„Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година“ соопшти ИЗЈ.

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски во врска со сојот кракен, вели дека сите податоци што досега ги имаат укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не се очекува неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем.

Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.