На првиот Конгрес на политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија што се одржа вечерва во Скопје е официјализирана претседателската кандидатура на Максим Димитриевски.

„Среќен и задоволен сум што основавме нов политички субјект, особено поради тоа што со создавањето на ЗНАМ создаваме можност да го разбиеме црно-сивиот свет на политичката сцена во Македонија кој е присутен речиси 30 години. Среќен сум што при тоа ќе бидеме во можност да додадеме светлина и свежина во Македонија.

На овие избори граѓаните на Македонија за прв пат ќе имаат можност да го даадат својот глас ЗА одредена опција, визија и перспективи, а не како досега да гласаат против. Овие избори СДСМ ќе изгуби, а ВМРО -ДПМНЕ нема да победи. Граѓаните доаѓаат по своето!

Сакам да истакнам дека на политичката сцена не сме сите исти. Ние, за разлика од останатите, тоа што го ветуваме и го исполнуваме и се држиме со народот транспарентно, отчетно и одговорно. За успешно водење на државата мора да се почитуваат принципи.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, како политички субјект и јас како негов претседател и кандидат за Претседател на државата тоа ќе го понудиме и реализираме.
Верувам дека времето на заробена, приватна држава во која правдата е селективна, по изборите ќе биде минато“ рече Димитриевски.












