Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа 3-от координативен состанок на проектот: Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари –СОЛВЕ.

Главната цел на проектот е: Да се минимизираат ризиците од шумски пожари и поплави (вклучително диви и урбани) во прекуграничниот регион.

На состанокот учество зедоа претставници на сите проектни партнери, а целта беше утврдување на статусот на имплементација на проектот од страна на секој партнер како и организација и координација на проектните активности што следат во наредниот период.

Проектот е одобрен во рамките на вториот отворен повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристaпна помош на Европската Унија а во која што поддршка дава и Министерството за локална самоуправа.












