Граѓаните ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник Велигден. Денеска иако не е пазарен ден во Битола беше раздвижено. Јајцата се продаваа по цена од 220 до 300 денари во зависност од големината и квалитетот. Продавачите задоволни од продажбата. Повеќето од домаќинките купиле јајца, во пресрет на утрешниот празник Велики четврток.

„ Да купив јајца, по цена од 260 денари за една влошка. Ќе ги вапцувам утре на Велики четврток, во црвена боја“, вели битолчанка.

„Ги купив јајцата ќе ги вапцувам утре на Велики четврток пред изгрејсонце. Ќе ги фарбам во црвена боја, но за внуците и во шарена и со сликички“, вели битолчанка.

„Со бакам ќе ги вапцувам, утре сабајле пред изгрејсонце“, вели битолчанка.

И пред продавниците за велигденски украси имаше гужва. Продавачите задоволни од продажбата. Цените биле исти како минатата година, само цената на некои производи била покачена.

„Како и секоја година така и оваа битолчани се спремаат за најголемиот христијански празник Велигден. Купуваат се од бои, бакам, декорации, сликички за јајцата. Цените се скоро исти како лани, мало покачување имаме на некои артикли“, вели Билјана Ѓорѓиева.
Да посетиме дека од страна на Владата цената на јајцата беше замрзната, и се продаават по цена која трговците ја применувале на 15 ти март.












