Зголемување на платите во јавни претпријатија се очекува на наредната седница на Советот на Општина Битола. Четири точки се на оваа тема и тоа решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на основната бруто плата на вработените во јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола, потоа решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во КЈП Нискоградба Битола, во меѓуопштинското јавно претпријатие Пелалинк Битола и во јавното претпријатие Индустриска зона Жабени.
Во образложението на решението на за Нискоградба се вели дека постапувајќи по мислењето на Министерството за труд и социјална политика од 22.03.2024 година за неодложно линеарно зголемување на платите и согласно финансиската состојба на претпријатието, Одборот за контрола на материјало-финансиското работење донесе позитивно мислење за линеарно зголемување на платите во нето износ од 2392 денари, односно зголемување на постоечките бодови за секој вработен. И е наведено дека зголемувањето ќе се реализира со исплата на платата за март 2024 година.
Управниот одбор на јавното претпријатие Жабени на седницата одржана на 10 мај донесе одлука за линеарно зголемување на платите и во ова јавно претпријатие почнувајки со март 2024 година во нето износ од 2392 денари.
И меѓуопштинското јавно преторијатие Пелалинк со одлука за зголемување на платите за 2392 денари почнувајки од платата за март.
Истото се однесува и за јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг за 2392 денари. И тие се повикуваат на објавата од министерството за труд и социјална политика од 22 март.
Ваквите зголемувања во четирите јавни претпријатија се согласно зголемувањето на минималната плата до државата.











