ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕД СОВЕТОТ ПОВТОРНО БАРАЊЕТО ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ТАКСИ ПРЕВОЗОТ

Како 45-та точка на дневниот ред на следната седница на Советот на општина Битола, ќе се најде измената и дополнувањето на тарифата за автотакси превозот во Битола.

Според материјалите за оваа седница  е доставена одлуката до Советот од стана на Здружението на лиценцирани такси превозници од Битола во која се вели дека со одржување на Комисијата за промена на тарифите во такси превозот, одлучено било да се донесат следните тарифи:

Во сите три тарифи старот е 60 денари. Во првата тарифа 35 денари од километар, во втората тарифа 40, а тарифата за трета смена, празник и недела 45 денари за километар.

Првата тарифа и тарифата за трета смена, празник и недела се тарифи кои ќе се користат, а тарифата каде 1 км е 40 денари и се однесува на прва и втора смена  во овој момент нема да се користи, но доколку дојде до зголемување на трошоците поврзани со нивната дејност од над 10% во тој случај, велат дека ќе бидат приморани да ја користат.

Ценатата за чекање за еден час е 400 денари.

Како ќе гласа советот за ова, не знаеме.

Седницата е закажана за 23-ти декември, а до тогаш и оваа како и другите точки за оваа седница ќе се најдат и на комисиска расправа.