ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПЛАДНЕ СОНЧЕВО, А ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Утрово 11 степени во Маврови Анови, Попова Шапка, 12 Берово, 13 Крушево, Крива Паланка, 14 Претор, Битола, Охрид, Тетово, Прилеп, 16 Куманово, Скопје-Петровец, 17 Кавадарци, Струмица, Штип, 18 Скопје-Зајчев рид, Демир Капија, Виница, Гевгелија, 20 Велес.

Вчера најмногу дожд 10 л/м2 наврнаа во Крушево, 8 Маврови Анови, 4 Попова Шапка, Тетово, 3 Битола, 1 Штип, Охрид, Крива Паланка.

Преку ноќта имаше мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Дува слаб северен до североисточен ветер.

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Максималната температура ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Битола до 30 степени.