33.то издание на фестивалот на хрватска драма „Денови на Марулиќ“, ќе се одржи од 21-ви до 28-ми април во Сплит. Се работи за фестивал во организација на ХНК. Сплит, на кој учествуваат претстави работени низ светските театри, а по хрватски текстови. Оваа година во конкуренција се 11 претстави после изборот од пријавени 42. Токму на овој престижен театарски фестивал во конкуренција е претстава во режија на Марјан Неќак „Кабаре Каспар“, а во изведба и продукција на Словенечкиот народен театар од Љубљана. Се работи за претстава по текст на Тена Штивичиќ во кој авторот зборува во стилизирана форма, низ ритмички говор и рима, за моментот во кој живееме и кризите на денешното општество.

„Ова е претстава за нормален човек за да не потсети што е нормално во нас. Мојата генерација знаеше што е нормално, а што не, знаевме за што сонувавме, кој е идол, што е идеал. Денеска не сме нормални“, вели режисерот Марјан Нечак.
Претставата „Кабарет Каспар“, под која Неќак се потпишува и како композитор, е жанровски хибрид на трагикомедија и привлечна драма, која зборува и за денешниот свет и блиската иднина преку хумор и самоиронија.Во претствата играат актерите Барбара Церар, Саша Табаковиќ, Ива Бабиќ, Пиа Земљич, Урош Фурст, Бенјамин Крнетиќ, Нина Валич, Клемен Јанежиќ и Јанез Шкоф. На 33- то издание на фестивалот „Денови на Марулиќ“ ќе биде доделена наградата „Марул“ во 6 категории и тоа : за современ драмски текст, драматургија, за претстава во целина, режија, актерски остварувања, уметнички остварувања: сценографија, костимографија, дизајн на светло, оригинална музика и друго. Се доделуваат и награди од публиката како и наградата на весникот Слободна Далмација .

Селектор на претставите оваа година беше новинарката и театарска критичарка Ким Цуцулиќ.Неќак е единствениот македонски режисер на овој фестивал. Токму тој е добитник на наградата „Марул“ за претставата „Девојчето со жиците“ пред неколку години, награда за најдобро уметничко остварување.
Претстава на режисерот Неќак во која тој е и композитор и сценограф, денес има премиера. Претставата е со наслов „Убавата Вида“и е во продукција на театарот Копер Словенија и копродукција со Словенечкиот постојан театар од Трст, Италија.












