ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТСТАВНИЦИ НА КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ ОД ШВЕДСКА ВО ПОСЕТА НА РЕК БИТОЛА

Претставници на Кралскиот институт од Шведска, хуманитарната организација “Hand till hand” од Шведска и претставници на Општина Битола денес остварија средба со дел од менаџерскиот тим на РЕК Битола.

Гостите се запознаа со карактеристиките на комбинатот, неговото значење за Битола и за Македонија, како и со плановите за транзиција кон производство на чиста електрична енергија.

Кралскиот институт од Шведска и хуманитарната организација “Hand till hand” во соработка со експерти од “Sweco” имаат намера да изработат студија “Паметен и одржлив битолски регион” која ќе содржи конкретни препораки како Битола да стане одржлива урбана заедница.

РЕК Битола и АД ЕСМ ќе го дадат својот максимален придонес во изработката на оваа студија чија крајна цел е подобар живот на битолчани, стои во информацијата од РЕК Битола.