Битолска „Нискоградба“ информира дека го пробиле патот кон селото Нижеполе, кој беше блокиран од големи снежни врнежи.
До доцна во ноќта екипите работеле на терен, соопштија од претпријатието, а патот до селото беше пробиен некаде пред полноќ.
Снегот кој викендов го зафати овој регион предизвика бројни проблеми. Блокирано селото Нижеполе, блокиран патот кон хотелот Молика на Пелистер, а села од регионот како и делови од градот остнаа без електрична енергија.














