Продолжија градежните работи за изградба на топловодната мрежа од десната страна на градот, односно продолжуваат онаму каде летово застанаа, а тоа е кај поранешната стоковна куќа Јавор.

Тогаш беше кажано дека заради летната сезона и да не се создава голема сообраќајна гужва работите беа прекинати.

Директорот на ЕСМ Топлификација, Александар Мирчевски вели дека започнаа со копање и во наредните неколку дена затворен ќе биде паркинг просторот на ЈП „Паркинзи“ на оваа локација, а во координација со СВР Битола сообраќакниот се регулира.

Мирчевски вели дека на коловозот има доволно ширина за да се одвива сообраќај во двете насоки и тоа е најдоброто решение, наспроти поставување на семафор кој ќе создава долги колони.
Трасата на топловодот ќе се движи од оваа локација кон кружниот тек и ќе продолжува кон булеварот 1 мај.












