Земјодлеското производство поскапува. за една година трошоците на земјоделците поскапеле за близу 20 отсто, што влјаело и земјоделците да ги зголемат цените на своите производи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците во земјодлеството се зголемени за 19,9 отсто за една година, а цените на земјолските производи се зголемени за 10,3 отсто.Според овие податоци зголемување на цените има кај тековно потрошените средства за репроматеријали од 20,5 отсто и кај инвестициите каде што зголеммувањето е за 10,9 отсто.
Во однос на цените на земјодлеските производи за една година растителното поризводство поскапело за 7 отсто, а добиточното за 20,5 отсто.
Во однос на трошоците најголем пораст на цените има кај вештачките ѓубрива кои за една година поскапеле за 58,1 отсто, енергијата горивата и мазивата поскапеле за 27,4 отсто и семенскиот материјал кој поскапел за 10,4 отсто. Во овој период поскапела и добиточната храна за 16,1 отсто, ветаринарските услуги за 0,7 отсто како и другите стоги и услуги кои ги користат земјодлеците за приближно 16 отсто.
Најголем пораст на цените во земјодлексото производство има кај житата и оризот од 43.1 отсто и кај компирот кој поскапел за 26,5 отсто. Поскапело и виното, индустриските растенија и зеленчукот.
Кај добиточното производство пораст има кај цените на живинарското производство од 30,2 отсто, а пораснала и цената на добитокот за колење.
Познавачите велат дека зголемувањето на цената на вештачките ѓубрива се должи на два главни фактори – падот на извозот од Русија и Украина и зголемените цени на гасот што го користат некои од најголемите производители.
Високите цени на вештачките ѓубрива и енергенсите драстично ги зголемуваат трошоците за производство на храна во земјава, но и во светот.
Големото поскапување на овие два инпути, особено по војната во Украина, е главната причина за високата инфлација и поскапувањето на храната во Македонија, но и на светско ниво.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика инфлацијата во октомври годинава изнесуваше 19,8%, при што цените на храната во октомври беа повисоки за 31,2% во однос на октормври минатата година.












