ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ВО БИТОЛА ОД 1 ДО 7 СТЕПЕНИ

Минимални температури: -3 степени во Попова Шапка, -1 Маврови Анови, Берово, 0 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Битола, Куманово, Тетово, Претор, 2 Прилеп, Охрид, Виница, 3 Штип, Струмица, Велес, 4 Кавадарци, Демир Капија и 6 степени во Гевгелија. 

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07часот  (во l/m2): 4 Лазарополе, 1 Маврови Анови, Попова Шапка. 

 Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm):  54 Маврови Анови, 42 Попова Шапка, 27 Крушево, 1 Берово.

Времето во текот на ноќта претежно облачно и тивко. Изутринава во Берово има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост до 500 метри, а  слаба магла има во Пелагонија.

Денеска претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Битола променливо облачно со температури од 1 до 7 степени.