ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 15 СТЕПЕНИ

Утрово -3 Берово, -2 Лазарополе, 0 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, 2 Охрид, Струмица, Демир Капија, 3 Штип, Крушево, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Гевгелија, 5 Велес, 6 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Виница, Дојран.

Во текот на ноќта и утрово преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Времето денеска претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Битола до 15 степени.