ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 26 СТЕПЕНИ

Утрово 10 степени на Попова Шапка, Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Крушево, Крива Паланка, 14 Битола, Охрид, 15 Прилеп, Виница, Струмица, 16 Штип, Дебар, Кавадарци, Претор, 17 Дојран, Велес, Куманово, Демир Капија, Гевгелија, Скопје-Петровец, 18 Тетово, Скопје-Зајчев Рид.

Најмногу дожд 14 л/м2 наврнаа во Берово, 8 Лазарополе, 7 Штип, 3 Струмица, 2 Куманово, Битола, Демир Капија, Кавадарци, 1 Крива Паланка, Крушево, Маврови Анови, Гевгелија.

Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.

Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во втората половина од ноќта на повеќе места беше нестабилно со  локален пороен дожд и грмежи.

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени. Во Битола до 26 степени.