Минимални измерени температури утрово: 0 Берово, 5 Лазарополе, 6 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 7 Штип, Демир Капија, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крушево, Куманово, Велес, 9 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Охрид, Претор, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија.
Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб променлив ветер.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Битола до 20-от степен.












