Утрово -4 степени во Берово, -2 Маврови Анови, -1 Тетово, Струмица, Лазарополе, Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, 2 Охрид, Претор, Крушево, Гевгелија, 4 Виница.
Времето денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Битола до 11 степени.












