ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 24 СТЕПЕНИ

Утрово 9 степени на Попова Шапка, 10 Лазарополе, 11 Прилеп, Крушево, Маврови Анови, 12 Крива Паланка, Битола, 13 Претор, Берово, 14 Охрид, Виница, Кавадарци, Дебар, 15 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Струмица, Тетово, Куманово, Велес, 16 Скопје-Зајчев Рид, 17 Гевгелија.

Најмногу дожд 65 л/м2 наврнаа во Пожаране, Лазарополе, 58 Маврови Анови, 57 Дебар, 56 Попова Шапка, 53 Тетово, 48 Крушево, 45 Охрид, 31 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 28 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 20 Велес, 19 Претор, 14 Прилеп, 13 Берово, Тополчани, 11 Битола 8 Кавадарци, Виница, Струмица, 7 Штип, 4 Демир Капија, 1 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со локални врнежи од дожд. На повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи.

Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Битола до 24 степени.