ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ

Утрово -4 степени на Попова Шапка, -2 Лазарополе, -1 Маврови Анови, 0 Крушево, Охрид, 3 Берово, 4 Прилеп, Претор, Крива Паланка, 5 Битола, Тетово, Виница, 6 Штип, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 7 Велес, Струмица, Кавадарци, 8 Дојран,  Демир Капија,  10 Гевгелија.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно и ветровито. Дуваше претежно северен ветер кој долж Повардарие и на исток беше засилен. Утринава најсилен е ветерот во Штип и достигнува брзина од 40 км/час, а засилува и ветерот во Скопската котлина.

Времето денеска претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Од изутрина и преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени. Во Битола до 12 степени.