ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ

Утрово 1 степен на Попова Шапка, 2 Маврови Анови, Лазарополе, 3 Крушево, 5 Берово, 6 Претор, Крива Паланка, 7 Охрид, Битола, Струмица, Куманово, Виница, 8 Прилеп, Штип, 9 Скопје-Петровец, Скопје Зајчев Рид, Демир Капија, 10 Гевгелија, Дојран.   

Најмногу дожд 17 л/м2 наврнаа во Куманово, 15 Штип, 11 Берово, 10 Крива Паланка, 8 Тополчани, 6 Крушево, Пожаране, 15 Штип, 5 Ѓуриште, 4 Скопје Петровец, 3 Виница, Скопје Зајчев Рид, 2 Струмица, Лазарополе, 1 Маврови Анови, Тетово, Гевгелија, Охрид, Битола, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, на места се уште со слаб дожд. Утрово е умерено до значително облачно со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, од пладневните часови со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Битола до 15 степени.