Утрово -2 степени во Берово, 0 Лазарополе, 1 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Тетово, Битола, Маврови Анови, 4 Прилеп, Штип, Струмица, Крушево, 5 Охрид, Претор, 6 Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, 9 Скопје-Петровец, 10 Велес, 14 Гевгелија.
Во текот на ноќта се задржа претежно ведро и ветровито. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утрово во најголем дел од земјава времето е сончево со мала облачност, само во северните делови е облачно.
Денеска променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Битола до 17 степени.












