ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Утрово 5 степени во Лазарополе, Попова Шапка, 6 Маврови Анови, 8 Крушево, Претор, Берово, 9 Битола, 10 Струмица, Охрид, Крива Паланка, 11 Виница, Тетово, Демир Капија Прилеп, 12 Гевгелија, Штип, Дојран, 13 Скопје-Петровец, Куманово, 14 Скопје-Зајчев Рид.

Најмногу дожд 18 л/м2 наврнаа во Маврови Анови, 13 Виница, 11 Берово, 5 Дебар, 4 Попова Шапка, 3 Крива Паланка, Претор, 2 Битола, Скопје-Зајчев Рид, 1 Прилеп, Тетово, Лазарополе, Пожаране, Охрид, Скопје-Петровец, Струмица, Крушево.

Во текот на ноќта времето беше облачно со локални врнежи од дожд. Утрово се уште преовладува облачно време со локален дожд и дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, а врнежи се забележани во Крива Паланка и врнело во изминатите часови во Штип.

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне во западните и југозападните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Во останатите делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. Во Битола до 17 степени.