Утрово -5 степени во Берово, Битола, -4 Скопје-Петровец, -3 Крива Паланка, Попова Шапка, Тетово, Прилеп, Струмица, -2 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Претор, Крушево, Маврови Анови, Гевгелија, Дебар, -1 Штип, Охрид, Куманово, Виница, 4 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, а утрово е променливо облачно.
Денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Битола до 6 степени.












