ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТОТ ВО „КОЧО РАЦИН“ ЗАВРШИ СО ИСПЛАТА НА ПЛАТАТА

Втор мирен протест одржаа вработените вработените во Заводот за рехабилитација на деца  со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“. Јасно и гласно реагираа на проблемите кои во изминатиот период ги тиштеле: непочитување на законскиот рок, 15 во месецот за исплата на платите и други формално-правно и административни постапки поврзани со нивните активности во текот на денот. За тоа зборувавме со Тони Чавдаров, претседател на синдикатот во „Кочо Рацин“ и претседател на регионалниот огранок на СОНК.

„Да, платата е префрлена денес,  а протест имавме затоа што ние не знаевме дека ќе имаме плата денес! “

„Што се случува? На 22 .08, уште во четвртокот ние имавме еден протест, денешниот беше втор , а протестираме затоа што имаше доцнење на платата. Законскиот рок за исплата на плата е 15, е сега нам платата ни доцнеше најпрвин 7 дена. Ни се објаснуваше дека проблем има во нешто, во пресметки во такви некои работи кои ние не ги разбираме, ние едноставно си ја бараме платата нормално. Уште во четвртокот колегите почнаа да реагираат  до синдикалната организација. Веќе се јавуваат…луѓето си имаат режиски трошоци, си имаат кредити , се јавуваат камати од банки итн. Имавме во четвртокот и средба со директорката, имавме протест, ги напуштивме работните места, седвме во дворот на училиштето и, се правеа напори да земеме плата. Но, сепак, ние до петокот не зедовме плата и викендот останавме без плата. Фактички затоа и денес беше тој протест,  на 26 август и од 15 до 26 август вече 16 дена ни касни платата. “

Синдикатот вели ова е и своевидна опомена. Заводот е државна институција важна за благосостојбата на многу деца и млади кои образованието , но и стекнувањето на сите други вештини за социјализација ги потпираат на благосостојбата на своите воспитувачи, учители, наставници. Директорката на оваа установа Валентина Сојковска вели се работи за грешка и недоразбирање.

„Јас денес бев службено во Скопје. Кај мене најава дека протест во институцијата воопшто немаше. Тие можеби на писмено имаат, меѓутоа до мене немаа доставено. Парите се префрлени на сметката. За проблемот би можела да Ви кажам дека, бидејќи платата ни ја работи надворешно книговодство, по информаици од книговодството, во делот на префрлувањето на средствата настанал некаков проблем, што веќе е решен и платата е на сметката на вработените. Според закон, исплатните листови можат да ги добиваат по маил, меѓутоа бидејќи вработените бараа да ги добиваат физички, ние им ги праќаме, односно, книговодството им ги дава , така што си ги добиваат. Доколку некој не ја зел исплатната листа слободно да се обрати и да дојде. Меѓутоа знам дека книговодството се од себе вложија за да се отстрани оваа грешка, така што апсолутно немаше ….(потреба н.з)  не мислам дека за неколку дена би требало да има протест затоа што искрено, никој не сака да нема плата, сите вработените  идата за плата. И јас одам за плата.“ – објаснува Стојковска денеска.

Платата е исплатена, недоразбирањето надминато.

Неисплаќањето на плата според Законот за исплата на плати претставува кривично дело што го прави државата ( се става на товар на).  Чавдаров кој е и претседател на регионалниот СОНК вели дека деновиве Советот на синдикатот ќе одржи состанок на кој ќе се донесе ставот за прашањето на 12 % урамнување на платите во образованието со порастот на трошоците на живот. Имено, порастот на трошоците се случил во март 2024 година , а според колективните договори шестмесечниот рок за усогласување изминува овој септември.

Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола е најстарата социјална институција основана во Македонија, чии основни дејности се специјално основно образование на лица со оштетен слух и говор и санација и корекција на говорот.