ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ НА ПЕНЗИОНЕРИ ВО БИТОЛА

Вечерва на плоштадот „Магнолија“ се одржа четвртиот по ред протест на дел од битолските пензионери, кои бараат линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари.

На протестот беа отфрлени ставовите и предлозите на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за она што го преземаат како министерство и како Влада за подобрување на стандардот на пензионерите, од процентот на зголемување на пензии до помошта која им се дава на најранливите категории на пензионери.

Категорично отфрлаат 6 проценти зголемување на пензиите од септември.

И вечерва беше критикувана одлуката со која платите на функционерите беа зголемени за 78 проценти.

Беше побарана оставка од Тренчевска, а рекоа дека секој вторник во Битола ќе протестираат.