ТЕРА

REKLAMA???

НА МЕСТО СРЦЕТО НА БИТОЛА

По синоќешниот вандализам , срцето од написот  „ја сакам Битола“ во паркот кај саат куата е вртен во првобитна состојба.

Белите букви и црвеното срце од натписот кој значи „Ја сакам Битола“ повторно се споени.

Синоќа Тера информираше дека Црвеното срце коешто во суштина е буквата О е паднато или откорнато од металната конструкција, па белите Т и Л останаа неповрзани.

Денеска состојбата е сосема поинква.

Срцето е вратено на својата првобитна положба. Има неколку неодлепени етикети, но, очигледно работниците кои го враќале срецето на место немале задача и да се грижат за естетиката на целиот знак.

Брзата интервенција сепак не го спречува бранот реакции кај граѓаните кои редовно реагираат на ваквите инциденти. Особено затоа што вандализирање на споменични обележја не е непознато во градот. На мета на вандали често се урбаната опрема, клупите, справите во детските игралишта, заштитните огради на игралишата и јавното осветлување во градскиот парк.

Натамошната дискусија за овој проблем допира до надзорни камери , полициски улични патроли и транспарентно инфрмирање за успехот на полициските и јавно-обвинителските служби да ги откријат и соодветно санкционираат сторителите.