„Пустинско вино“ е насловот на најновата песна на Паркети. Уште една паркетска рокенролска приказна во огромната книга на рокенролот. Музиката, текстот и аранжманот се на Сашо Паркет. Видеото е снимено во Фушрекордс. Микс и мастер во студио „Подрумот“ – Анѓел Ќосев. Во спотот игра Ана Грамосли, режијата, камерата и монтажата се на Андреј Богатиноски. Дрон оператор и 2ра камера: Јосиф Трајкоски . Асистенти на сет: Анастасија Кутлешовска и Дора Стојаноска.
„Паркети“ се рок, панк група од Битола формирана е во 1991 година. Познати се по своите енергични настапи во живо. „Паркети“ секогаш имале препознатлив и специфичен звук и уште посоецифични текстови. Првиот албум го снимиле во 1996 година насловен „Грижа на совеста“, а вториот – „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998. „Паркети“ се бренд не само на Битола, туку и на македонската музичка сцена, кои постојат повеќе од 30 години.












