ТЕРА

REKLAMA???

РАБОТИЛНИЦА НА БАС ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА ЗЕЛЕНИ ВРАБОТУВАЊА

Во Бизнис академија Смилевски во Битола во рамките на ИПА проектот „Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации (Г.ЕМ.С.)“ се одржа шесттата работилница од серијата работилници каде на компаниите од регионот им се презентираа можостите за инвестирање и реализирање на програми, фондови и услуги кои се во насока на остварување на зелени вработувања. (Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), Земјоделство и рурален развој (IPARD) и Инструмент за зелено финансирање на РСМ)

На сите видови на компании на располагање им беа консултанти од СЕТТИМ консалтинг од Битола кои под координација на МБА Клаудија Лутовсканајстручно ги водеа низ процесот за креирање на апликации за неповратна финансиска поддршка и кредитиза развој, набавка на опрема, машини, возила, фотоволтаици, градба на индустриски објекти, стандарди и се што им е потребно да зајакнат и да се развивијат.


Со оваа поддршка се поттикнуваат зелените вработувања преку воведување на еколошки, енергетски решенија, дигитализација, автоматизација, безбедност при работа и заштита на животната средина и премин од кафеав кон зелен пристап.


Бизнис академија Смилевски – БAС и Регионалната комора со седиште во Битола како партнери во овој проект преку ангажираната консултанска фирма СЕТИМ од Битола ги мотивираа над 200 учесници на овие шест работилници и тоа две во Битола и по една во Прилеп, Ресен, Кичево и Кавадарци да детектираат иновации, зелени инвестиции, технологии, автоматизација, затворање на производни прстени, циркуларна економија, дигитализација, рециклажа, равој на нови продукти од отпад, заштеди на енергија, зелени енергии.

Цел на проектот и на овие работилници е да се подигни свеста за зелен пристап и стимулирање на зелени работни места кај бизнисот и старт апите, како и ефикасно искористување на средствата од сите фондови и грантови во насока на задржување на младата популација и стручните вработени во нашата земја како највисока општествена одговорност.