Вчера вечер во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одржа ревијален “натпревар“ по повод 21 март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром.

Настанот беше во организација на здружението “Порака Нова“, ОУ “Коле Канински“ и Славјанскиот Универзитет од Битола.

„Јас како градоначалник, а посебно како лекар чуствувам поголема одговорност кон овие лица. Тешко е да се каже нешто повеќе освен дека сите заедно се потрудивме нешто да направиме поразлично од другите, а ние сме оригинални бидејќи никој не го прави на ваков начин. Сакаме да биде ова традиција, да потрудиме на сите овие деца и лица да им го направиме пристапот кон инстритуциите полесен, а животот колку можеме поквалитетен, на начини кои ние сите заедно ќе ги пронајдеме“ вели Коњановски.














