ТЕРА

REKLAMA???

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ЗА СЕЛО БРУСНИК

Општина Битола информира дека од денеска започнуваат работните активности на локалниот пат за село Брусник.

Согласно проектната документација, инфраструктурните активности вклучуваат изградба на фекална канализација и реконструкција на коловоз на локален пат за село Брусник.

Во периодот додека траат работните активности, сообраќајот на овој патен правец, ќе се одвива согласно утврдениот времен режим на сообраќај, велат од општината.