Денеска со промоција на новите реновирани простории за Поливалентна Патронажа, Здравствен дом од Битола го одбележа меѓународниот ден на медицинските сестри.

Директорката Весна Спирковска рече дека реновирањето на службата е направено со сопствени средства на Здравствениот дом.

„Со реновирањето на оваа служба заокружуваме уште една целина од голем број на реновирани простории во здравствениот дом. Оваа служба е составена само од медицински сестри, тие работат во два дела. Нивната дејност е медицинско-социјална и се грижат за просветност и превенција на населението за здравствена заштита. Нивната работа се дели на два дела, првиот е теренскиот и тие се првите кои што доаѓаат во семејството и таму е нивниот дел на работата, а вториот дел е административниот, со кој што овозможивме во овие просториите да работат, каде што имаме огромни картотеки, каде што се евидентира здравствената состојба на сите посетени лица“ рече Спирковска.

Спировска им го честиташе меѓународниот ден на медицинските сестри, за што рече дека се еден од главните делови на медицинскиот тим кој што се грижи за здрајето на луѓето.












