ТЕРА

REKLAMA???

РОМАНТИЧНИ ЗВУЦИ НА ИНТЕРФЕСТ СО ДУОТО ОД ШПАНИЈА

На Интернационален фестивал на класична музика настапија  ДУО ПАЛОМАРЕС-АПЕЛАНИЗ (виолина-пијано) со изведба на делата на Глук,  Албениз,  Масне,  Крајслер и Шопен.

Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот”, „Прашина”, „Сенки”, „Мајки”, „Бикини Мун”, „Врба”, „Кајмак” и краткометражните „Четврток” и „Крајот на времето”.

Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.

Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот” студентите учат за филмска структура.

„Пред дождот” беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот” „како библија во филмската нарација во три чина”.

„Една вечер ме однесоа низ сокачиња преполни со луѓе, по скали, па во еден стан, низ една соба, па во собата назад, каде што имаше еден огромен постер на стар француски филм, цела библиотека книги и врамени слики на ѕидот: Бергман, Орсон Велс, Тарковски, Жан-Лик Годар, Трифо… Се вика Кафе-кино ‘Шаброл’, во стан, каде собира само 15 луѓе. Секоја вечер си пуштаат филмови и ги дискутираат. И една од врамените слики на ѕидот, среде Шангај, до Трифо, Вуди Ален и Кишловски, беше турскиот постер на ‘Пред дождот’,” рече Манчевски по ретроспективата во Шангај во 2017.

Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

Дуото го сочинуваат : ХОАКИН ПАЛОМАРЕС (виолина, Шпанија) и КАРЛОС АПЕЛАНИЗ (пијано,  Шпанија).

ХОАКИН ПАЛОМАРЕС е еден од најдобрите виолинисти на Шпанија на својата генерација, дипломирал виолина и камерна музика на Конзерваториумите на Валенсија и Брисел . Тој ги комплетирал своите студии во класите на реномираните  виртуози КЛИМОВ, ЗИГМОНДИ И РОСАНД со кои го усовршил својот виртуозитет и романтичен стил.


Неговите почетоци како солист се на 15-годишна возраст со Бетовеновиот Концерт за Виолина. Со овој настап започнува неговата уметничка кариера која го одвела до најдобрите музички сали на Европа и Јапонија. Настапил на фестивалите на Сантандер, Гранада, Сполето, Авињон, Монте Карло.    За неговата дискографска дејност во 1999 бил номиниран за Награда на Gramófono со CD на дела од Мијо (Milhaud). Неговите следни снимки биле со Виолинските концерти на Бетовен, Хиндемит, Шосон, Сетебрие и Монтесионес.  На програмата на битолскиот  концерт беа застапени кратки минијатури, ремек-дела на литературата за виолина.

КАРЛОС АПЕЛАНИЗ e концертен пијанист, лауреат на повеќе од 25 интернационални Премии за пијано. Тој е Пијанист солист на Инструменталната Група на Валенсија која негува современа музика и со која е Добитник на Premio Nacional de Música. Уметник кој концертира на врвните музички сцени на Европа и пошироко. Особено е плодна неговата дискографска активност. Моментално работи како Доцент на Конзерваториумот на Валенсија во рамките на Универзитетот.