ТЕРА

REKLAMA???

„РОСА ВИТА“ И ВО НОВА БИТОЛА

„Роса Вита“ на барање на граѓаните отвори нова аптека во Нова Битола, на ул. Јанко Палигора, бр.20,„Роса Вита 2“. Како и во „Роса Вита“  која се наоѓа во Старата битолска чаршија, така и овде ќе ги нудат истите услуги, ќе работат и со Фондот за здравствено осигурување. Две децении тие се цврсто посветени кон здравјето на своите пациенти од трите општини, Битола, Новаци и Могила нудејќи врвна услуга, беспрекорност во квалитетот и највисоки стандарди.

Сопственичката Сузана Димовска аптеката ја отвори во присуство на своите вработени и рече дека и овде ќе продолжат со посветеност и грижа за пациентите.  

„Отвораме нова аптека „Роса Вита 2“ на нова локација во горниот дел на градот, над Клиничка болница Битола, под болница Плодност, спроти ТВ Тера. Аптеката ќе работи со договор со Фондот за здравство, а ќе издава и ортопедски помагала. Персоналот е ист, услугата е иста, асортиманот е тој. Самите пациенти бараа од овај дел на градот, бидејќи им сме биле многу далеку во центарот на градот и испадна така по година дена да отвориме и тука. Доколку сте задоволни од нашата услуга, повелете да ве услужиме и во овај дел од градот“, рече Сузана Димовска, сопственичка на аптеката „Роса Вита“.

Објектот беше осветен од свештени лица.

Вработените горди што се дел од тимот на „Роса Вита“ и што ќе можат и во овај дел од градот да ги задоволат барањата на своите пациенти. Велат дека грижата за здраво живеење на пациентите и во иднина ќе биде нивни приоритет.

„Продолжуваме со истото темпо на работа и голема благодарност до нашите пациенти, бидејќи без нив ние нема да бидеме тоа што сме. Ќе го нудиме истиот асортиман на производи и истата услуга“, рече Наташа Димовска, дипломиран фармацевт во „Роса Вита“.

„Во „Роса Вита“ почнав со пракса и сум релативно млада, но сум благодарна што со вакви ментори и со ваков тим стигнав до овај момент денес, во нова аптека, да учам се повеќе, во горниот дел на градот и со нови пациенти на кои ќе им помагам“, рече Емилија Никодиновска, дипломиран фармацевт во „Роса Вита“.

Да потсетиме уште еднаш новата аптека „Роса Вита 2“, се наоѓа во Нова Битола, спроти Тера ТВ. Ќе работат од понеделник до петок од 7:30 до 20:30 часот, а во сабота од 8 до 15 часот.