ТЕРА

REKLAMA???

САЕМ ЗА ТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ ВО БИТОЛА

Tехничкиот факултет на Универзитето св. Климент Охридски во Битола денеска го одржа првиот СТИМ саем – саем на природни и технички науки. Настаните им се поделени во два дена во насока кон  промоција на природните и техничките науки меѓу најмладите, а со единствена мисија – да се всади љубовта кон техничките науки, математиката, науката воопшто.

Техничките и природните науки се погон на секое општество кое се стреми да биде во чекор со современиот технолошки развој – вели професорката по математика од Техничкиот факултет Елена Котевска, идејниот творец и со колегите и пријателите од Сојузот на математичари на Македонија организатор напрвиот СТИМ – Саем на природни и технички науки.Саемот свечено го отвори ректорот на Универзитетот проф. д-р Игор Неделковски.

Деканот на Технички факултет проф. д-р  Митко Костов ги потсети денеска пристуните на познатата мисла од Исак Асимов дека „Науката може да не забавува и да не фасцинира, но инженерството и инжеерите се тие кои го менуваат светот“.

 

Техничкиот факултет располага со лаборатории за електротехника, мехатроника, сообраќај и транспорт, за животна средина, што овозможува едноставно стекнување на знаења. Саемот „ПОГОН“ овозможува двoнасочно запознавање.

Денеска се реализираа натпреварите по математијка и физика и панел дискусијата за математиката во образованиете.  Во агендата за саемот освен станиците за игри на деца и презентација на ученици проекти, предвиден е и натпревар во брзо местење на Рубикова коцка.