ТЕРА

REKLAMA???

САЛИ И РЕНДЕВСКИ ОТВОРИЈА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЗАВОДОТ ВО БИТОЛА

Денеска во посета на Битола министерот за здравство Беким Сали. Заедно со заменик министерот Владимир Рендевски отворија сензорна соба во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола. Сензорната соба чини три и пол милиони денари.

„Станува збор за соба која што е наменета за деца и млади со нарушена сензорно-моторна интеграција, меѓу кои и деца со аутуистичен спектар. Престојот во сензорната соба им овозмзожува на децата да развијат сензорни вештини, а притоа смирувачката атмосфера овозмзожува подобра координација и унапредување на комуникациските вештини“, рече министерот Сали.

Оваа сензорна соба е од големо значење на децата за побраза и посовремена рехабилитација, рече директорката на Заводот.

„Оваа соба е од големо значење за нашите мали пациенти, а тоа се децата со сензорна дезинтеграција. Се надеваме дека овај проект ќе придонесе многу за нивната побрза и посовремена рехабилитација. Сензорната соба чини 3,5 милиони денари, 180.900 денари се донација од Стопанската комора на Македонија, а останатите средства се наши сопствени средства. Тоа е една завршена успешна приказна и се надевам дека и понатаму ќе имаме вакви сречавања во нашиот Завод“, рече директорката Дивна Живорадиќ Најдовска.

Директорката го информирала минитерот дека Заводот работел во континуитет и за време на пандемијата. Заводот во Битола е најстариот завод во нашата држава од ваков вид и е формиран во 1955 година. Располага со амбулантски и болнички дел. На годишно ниво во Заводот поминуваат околу 300 деца кои се од три годишна возраст па нагоре, а за нив се грижат 10 специјалисти.

Во знак на подршка директорката на Завод на министерот, заменик министерот, на директорот на клиничката болница во Битола и претставник од Стопанската комора им додели благодарници.