ТЕРА

REKLAMA???

САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Во текот на изминатата вечер  (20/21.05.2023)во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на  СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 19 возачи при што истите се исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 24 други видови прекршоци.

Од СВР Битола велат дека акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.