Вчера во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола ( Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево) спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
При тоа 48 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












