Во среда најважно е да се излезе и да се гласа, оти тоа е највисокиот демократски чин, вели во последната порака до гласачите пред молкот вечерва, носителот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за петтата изборна единица Ѓорѓија Сајкоски заедно со кандидатите за пратеници од Битола.
„Тоа е највисокото наше право со кое ја менуваме сегашноста, но и иднината! Победата во среда ќе биде толку многу голема, колку што на секој од нас ни се потребни промени за иднина во стабилна Македонија. Во среда мора да бидат победени криминалот и корупцијата“ рече меѓу другото Сајкоски.












