На 19.09.2025 година Економскиот факултет од Прилеп достојно го одбележа својот 65-годишен јубилеј. Во поздравниот говор, деканката, проф. д-р Драгица Оџаклиеска истакна дека досегашното успешно функционирање на Факултетот претставува потврда за неговиот институционален капацитет да профилира кадровски потенцијал согласно развојните потреби на земјата и конкурентските предизвици на глобалното окружување.
Присуството на ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, ректорскиот колегиум, заменик министерот за финансии, проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, м-р Ане Лашкоска, градоначалникот на општина Прилеп, д-р Борче Јовчески, пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, д-р Петар Ристески, г. Дејан Проданоски и г-ѓа Билјана Кузманоска, како и на претставниците од бизнис-заедницата му дадоа посебен печат на настанот. Имено, на 19 октомври 2025 година, во аулата на факултетот, академскиот кадар, вработените, гостите и студентите на Економскиот факултет чествуваа за значајниот настан, со гордост за традицијата, но и постигнатите успеси на факултетот во современиот миг.
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИЛЕП
