ТЕРА

REKLAMA???

СВР БИТОЛА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДБЕЛЕЖА И ВО СМИЛЕВО

За денот на полицијата, полициски службеници од СВР Битола го одбележаа 7-ми Мај, Денот на Македонската полиција во с.Смилево местото каде се удрени темелите на македонската полиција и пред спомениците во СВР Битола и градскиот часовник.

Денеска, повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, највисокото раководство на Министерството за внатрешни работи положи свежно цвеќе на повеќе локации каде што се спомениците на загинатите припадници на МВР.

„Почитувани колеги, вие сте симболот на довербата во институциите. Токму полициската униформа влева чувство на сигурност, на спокоен живот. Вие сте првиот пријател на граѓанинот, кога станува збор за одржување на јавниот ред и мир, за безбедноста во сообраќајот, за имотни деликти, спасувачка мисија или некоја покомплексна оперативна акција, како што се оние за сузбивање на недозволена трговија со дрога и оружје, илегална миграција или пресметка со организирана криминална група…

Денес можам со задоволство да кажам дека македонската полиција е на граѓаните, но бескомпромисна по прашање на криминалот. Нејзината ефективност од година во година расте, а со тоа расте и довербата во институцијата.

Почитувани колеги, Нека ви е честит 7 Мај – Денот на полицијата! Ви посакувам здравје и просперитет, многу успеси и уште подобри резултати“ се вели во честитката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.