Го прекинуваме т.н. “должничко ропство“, вака преку соопштение се огласи владеачката СДСМ.
Велат дека пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги усвои законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити.
„Со усвоиените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот.
Со ова ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари“ стои во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ велат дека конечно ја прекинуваат праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле.
„За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Тоа завршува.
Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.
Дополнително, го скратуваме и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните“ стои во објавата на СДСМ.













