Битолската СДСМ со реакција за денешното присуство на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на блокадата на патниот правец Прилеп-Плетвар.
„Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски сред работно време наместо в општина оди на партиски протест на ДПМНЕ!
За што го плаќаат битолчани? Да работи за Битола или да тера партиски агенди и да блокира патишта?
ВМРО-ДПМНЕ не научи дека партијата не е државата, партијата не е општината!
Коњановски треба да биде градоначалник на сите граѓани на Битола, а не послушник на ВМРО – ДПМНЕ и на партискиот шеф“ стои во реакцијата на СДСМ.













