Најновиот извештај на Државниот завод за статистика за бројот на ученици и објекти кадешто се спроведува средношкоска и основна настава зборува за намалување на бројот на ученици и училишта. Од основно во средно се запишале сите основци, ама завршиле околу една третина.
Од прво до деветто одделение во учебната 2022/23 година завршиле 182, 245 ученици што според извештајот на државен завод за статистика претставува намалување за 1,4 % во однос на претходата учебна година. Од нив од прво до деветто одделение 66.439 ученици во сите одделенија завршиле со одличен успех , а 62,366 ученици завршиле со таканаречената „описна оценка“. Во оваа статистика се вклучува и 639 ученици што го повториле одделението и 810 кои ја завршиле школската година неоценети.
И едните и другите, заради законски определеното задолжително средно во државава, се запишале во средно училиште.
А според државниот статистички завод,„ Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3.9 % во однос на претходната учебна година.“
Овде работите во однос на учењето генерално, станале појасни – 27.546 завршиле одлични, а 6.901 завршиле со оценка „доволен“. 286 средношколци повториле година, а 28 не го завршиле средното образование, без разлика дали требало да учат во редовно јавно или приватно училиште.
Бројките се резултат и на демографските карактеристики на овие податоци. Имено, статистичарите забележуваат дека „паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245.
Ова е во согласност со информациите кои и Заводот и ние ги објавивме во февруари годинава, дека во Македонија има негативен природен прираст. Бројот на живородени деца во последните три месеци од 2023 година е за 4,5 проценти помал од тој во 2022 година. Бројот на починати пак бил помал во 2023 година од претрходната, но сепак во однос на бројот на родени беше повисок за 843 лица.
Оваа статистика на негативен прираст не отстапува од бројките во регионот, за кадешто експертите очекуваат уште поголемо намалување на живородени деца. Но, експертите сметаат дека за лошата демографска слика придонесува целокупното социјално опкружување, високата невработеност и заминувањето на голем број млади во странство.
Интересен податок на државниот завод за статистика е дека единствено во пораст во маекдонија е бројот на наставници во основното образование од 19.326 на денот на објавување на извештајот има 19.609.












