ТЕРА

REKLAMA???

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ИТАЛИЈА

Силно невреме го зафати северот на Италија, што предизвика значителни проблеми, вклучувајќи лизгање на земјиштето и поплави. Во регионот Лигурија, најпогоден од невремето, железничкиот сообраќај е запрен, а некои училишта се затворени.

Два лета кон Џенова беа пренасочени за Пиза и Торино, додека летовите од Рим и Пиза беа пренасочени за Катанија или откажани. Во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја е прогласен портокалови аларм, што значи дека училиштата ќе останат затворени, според информациите на “Стампа”.

Надлежните служби предупредуваат дека невремето ќе ја погоди и Ломбардија и Тоскана, со посебно внимание на провинциите Парма и Пјаченца, како и на планинските области на Реџо Емилија. Во Милано е активиран жолт метеоаларм поради опасност од поплави на реките Севезо и Ламбро.

Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да избегнуваат да се наоѓаат во близина на дрвја, скелиња и градилишта за време на невремето.