Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди особено попладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Утринската во Битола до -4, а дневната до 8 степени.
По утрешното преодно наоблачување, следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ќе биде во недела и на почетокот од следната седмица.












