Денеска имавме облачно и студено време, попладнево во западните делови со слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Дуваше слаб ветер од северен правец.
До крајот на денот облачно и студено со повремени, претежно слаби, врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а и во некои од пониските места главно во западните делови.
На планините снежната покривка ќе се зголеми, а мала снежна покривка можно е да се формира и на повисоките места во западните делови.
Во текот на денот врнежи од снег и на Баба Планина. Фотографиите на Иванчо Тошевски се направени на Видиковец на 2000 мнв и кај Јоргов Камен на 1740 мнв.



















