По повод почитувањето на законот за политички партии, каде што е предвидено пререгистрација на политичките партии секои четири години, Македонска Ера Трета – Суверенисти е во фаза на исполнување на таа обврска за обезбедување на 1,000 потписи, заверени на нотар, со цел депонирање на истите во Основен Суд – Битола, соопштија од партијата.
Преку соопштение Македонска Ера Трета – Суверенисти ги повикува сите граѓани на Македонија, особено од пелагонискиот крај, да ја поддржат пререгистрацијата кај одредените нотари во Македонија, вклучувајќи ги Битола (Демир-Хисар, Могила, Новаци), Прилеп (Крушево, Кривогаштани, Долнени), Ресен, Кичево (Македонски Брод), Охрид, Струга, Кавадарци, Неготино…
Единствената потреба за потпишување на изјава кај одредените нотари е валидна лична карта или пасош, потпишувањето е бесплатно, велат од партијата.

Фото: Македонска Ера Трета Суверенисти












