Во врска со предлогот на СДСМ за враќање во функција на шинтерската служба во рамките на ЈП„Комуналец“ со соопштение се огласи советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата е најголемата советничка група во советот на општина Битола и секогаш ќе работи во интерес на граѓаните на Битола односно со посветена работа ќе ги решава проблемите на сите граѓани.
Во интерес на вистината и граѓаните за време на одржувањето на 28-та седница на советот на општина Битола по однос на предлогот на советничката група на СДС за донесување на одлука за враќање во функција на шинтерската служба во рамки на ЈП „Комуналец“ Битола и од страна на Директорот на ЈП „Комуналец“ и советниците на ВМРО ДОМНЕ на неколку пати беше потенцирано проблемот треба да се реши системски и дека донесувањето на ваква одлука во пракса не може да се спроведи поради законските процедури и условите кои ги налага АХВ.
Сепак политиканството кое СДС го практикува и со цел да се покажат како “заштитници” пред граѓаните од бездомните кучиња дека со нивната одлука која во пракса во овој момент е правно неспроведлива, сакаа да добијат ситни политички поени.
Ги потсетуваме уште еднаш од СДС дека решавањето на овој проблем е можно само со едно систематско решение кое во моментот го прави оваа локална самоуправа.
Доколку СДС сакаа овој проблем да биде решен имаа мандат од 4 години во кој буквално ништо не направија за систематски да биде решен проблемот со кучињата скитници.
Како избрани советници имаме должност пред граѓаните секојдневно да бидеме помеѓу нив и сите проблеми да ги решаваме преку соодветни програми и планови за кои сме избрани“ се вели во соопштението.
Затоа ги повикуваме сите советнички групи без оглед на политичката припадност да ги ставиме настрана суетите и партиските определби и да работиме во интерес на Битолчани се со цел реализација на сите проекти со кои ќе го подобриме животот на сите граѓани. Бидејќи во предизборната кампања во 2021 година потребите на граѓаните беа речиси идентични и сите политички партии имавме речиси идентични програми.












