Утрово -5 степени на Попова Шапка, Берово, -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Маврови Анови, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 0 Виница, Крушево, 1 Гевгелија, 2 Претор, 3 Дебар, 4 Охрид, Дојран.
Во изминатите 24 дожд имаше во делови од земјава. 3 л/м2 наврнаа во Претор, 2 Битола, Пожаране, Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Тополчани, Крушево.
Во текот на ноќта преовладувше ведро време со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер претежно од јужен правец. Утрово е сончево со мала, а во западните делови умерена до значителна облачност.
Сончево со мала до умерена локална облачност, а во крајните западни делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Битола до 14 степени.












