ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ

Утрово -1 степен во Лазарополе, 0 Берово, Маврови Анови, 1 Попова Шапка, 2 Крива Паланка,  3 Скопје-Петровец, Тетово, 4 Охрид, Битола, Струмица, Демир Капија, Крушево, Претор,  6 Прилеп, Штип, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 10 Дојран, 11 Гевгелија.   

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени. Во Битола до 18 степени.